По експлозијата во ТЕ „Косово А“, синдикатот обвинува за тешки услови за работа

Од:

Претседателот на синдикалната организација на вработените во косовската електркорпорација, КЕК, Изет Мустафа обвини дека и денешната трагедија е последица на тешките услови за работа.

Тој рече дека во последните петнаесетина години до сега животот го загубиле повеќе од триесет работници.

– Условите во кои работиме се многу тешки. Опасноста е перманентно присутна во објектите на КЕК. Несреќи имало и порано. За жал, поради тешките услови за работа во последните петнаесеттина години животот го загубија повеќе од триесет работници. Ова го потврдува нивото на опасност, изјави Мустафа за телевизијата Клан Косова.

Тој прецизираше дека експлодирале четири боци со хидроген и оти половина од објектот е урнат.

Во експлозијата во ТЕ „КосовоА“ во близина на Обилиќ за сега потврдено е дека животот го загубиле четворица работници, а тринаесет се повредени, но се вон животна опасност.

Телевизијата Клан Косова јави дека експлозијата е последица на нестручната замена на боците со хидроген. Опасноста од други експлозии се уште е присутна, иако се преземаат сите мерки да не дојде до тоа.

Пристап до објектот имаат само полицијата и возилата за брза помош.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски