По двете несреќи со мигранти во Грција, Мицотакис ја повика Турција да соработува

Од:

Во двете одвоени несреќи со потонати чамци со мигранти што се случија вчера во близина на грчките острови Лезбос и Китира, според информациите на дописничката на МИА од Атина од крајбрежната служба на Грција, спасени се вкупно 108 лица, загинаа 18, а исчезнати се 15 мигранти.

Паралелно, грчкиот премиер ја повика Турција да соработува со Грција за справување со мрежите на криумчарите.

Во несреќата кај Лезбос, островот во северниот дел на Егејското море и во близина на турското крајбрежје, спасени се 28 лица, од кои тројца утрово биле пронајдени на копно, додека пак од морето беа извлечени безживотните тела на 18 миграни (16 жени, едно дете и еден маж).

Во бродоломот кај Китира, островот што се наоѓа јужно од Пелопонез, во текот на вчерашниот ден беа спасени 80 лица, а 15 се водат за исчезнати, по кои сè уште трае спасувачката акција на крајбрежната служба на Грција.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Прага, во изјавата пред почетокот на вонредниот Европски совет, одговарајќи на новинарско прашање за двете несреќи во Егејското море, уште еднаш изрази длабоко жалење и ја повика Турција да соработува со Грција.

-Треба конечно да запре оваа инструментализација на бегалското прашање. Уште еднаш ја повикувам Турција да соработува со Грција за да можеме еднаш засекогаш да ги елиминираме овие мрежи, бедните мрежи на криумчари со прогонети луѓе. За повеќе да не се губат непотребно и други животи во Егејското море. Несомнено е дека Турција, ако сака, го има докажано тоа, може да стори повеќе за да го ограничи проблемот, од корен, кој е во чамците што ги напуштаат турските брегови, рече Мицотакис.

Додаде дека Грција ќе продолжи со она што „ефикасно и хумано го прави во последните три години: да ги брани своите граници и во исто време да се грижи да го спаси секој човек кој е во опасност да го загуби животот во морето“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ