Плевнелиев: Не разгледувам варијантата за нови избори во Бугарија

Од:

Јас не размислувам за варијантата за нови избори во Бугарија и сум убеден дека народот многу јасно го посочи правецот на работата на новото 43-то Народно собрание – спроведување реформи и избор на стабилна влада, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во Централниот воен клуб во Софија, по отворањето на Десетата светска средба на бугарските медиуми, организирана од БТА.

Според Плевнелиев, недозволиво е да се оди на нови избори во јануари и февруари, имајќи ја предвид желбата на народот.

– Избори по изборите ќе бидат доказ за чисто партиски сметки, изјави шефот на државата.

Според Плевнелиеев, Бугарија има потреба од стабилен Парламент и Влада, избрана од него.

– Ми остави впечаток добриот тон и конструктивниот пристап во првиот круг од преговорите за составување на новата влада. Се радувам дека конкретно се влегува во важните теми за државата, приоритетите и реформите, кои се итни и не чекаат, изјави Плевнелиев.

Тој категорички изјави дека како шеф на државата нема да учествува во „измислувањето на какви и да било коалициски формули“. – Коалиции нема да се прават во претседателскиот кабинет , рече Плевнелиев.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори