Плевнелиев: ЕУ и Турција да ја договорат и контролата на бугарската граница

Од:

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев сака Европската унија и Турција да преговараат и за контролата на границата кон Бугарија, јави Танјуг.

Бегалците во голем лак ја одбегнуваат Бугарија бидејќи тамошната полиција е позната по бруталноста, пренесува Дојче веле.

На прашањето на Дојче веле дали движењето на мигрантите може да се одвива по алтернативни патишта, преку Бугарија, бугарскиот претседател вели дека внимателно ја набљудува ситуацијата на Балканската маршрута и дека веќе донел превентивни мерки.

– Советот за национална безбедност во текот на последната недела на Владата и Парламентот им предложи соодветни мерки. Исто така, го променивме Законот за одбрана и имаме план доколку притисокот на мигрантите и натаму расте, рече Плевенлиев.

„Сите сме погодени од мигрантската криза, затоа и решенијата можат да бидат само заеднички. Кризата не може да биде совладана доколку реагираме посебно. Искуството покажува дека затворањето на маршрутата може само да ја продлабочи кризата. Истото важи и за ситуацијата кога мигрантите едноставно се пропуштаат во соседната земја“ додаде бугарскиот претседател.

Бугарскиот претседател објаснува дека на неговата држава и треба помош околу трошоците за обезбедување на границите, сместувањето, згрижувањето и медицинската нега за бегалците.

Коментарајќи ја политиката на германската канцеларка Ангела Меркел, Плевнелиев изјави дека не глада противречност меѓу хуманото однесување кон бегалците и безбедноста.

– Прво мораме да бидеме добри луѓе, хумани и толерантни. Истовремено, нашата хуманост не смее да влијае врз безбедноста. Нашите вредности и историски искуства се нашата сила, а не слабост, укажаа тој.

„Изгледа едноставно да се градат нови ѕидови и да се тераат другите да ги градат. Само, наскоро ќе сфатиме дека во рамки на нашите новоизградени ѕидини не останало веќе ништо што е вредно за одбрана. И се восхитувам на хуманоста и човечноста на сојузната канцеларка Ангела Меркел. Таа дава пример за одговорна политика темелена на вредности „за разлика од другите политичари во Европа“, заклучи бугарскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори