Пленковиќ: Од 5 септември цените во Хрватска ќе бидат во куни и во евра

Од:

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека од 5 септември годинава цените во продавниците во Хрватска ќе бидат и во куни и во евра. тој ги повика граѓаните кои дома чуваат куни да ги депонираат во банки за да може автоматски да се конвертираат во евра.

dobivaj vesti na viber

Пленковиќ, претставувајќи го Предлог-законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска, истакна дека еврото ќе биде воведено на 1 јануари 2023 година, а од 5 септември годинава цените ќе бидат изразени двојно.

– Цените ќе бидат истакнати во куни и во евра уште една година, цела 2023 година. Од 1 јануари 2023 година куните ќе може да се менуваарт во евра една година. Банкнотите куни ќе може да се заменуваат бесплатно во Хрватската народна банка засекогаш, истакна Пленковиќ.

На истата прес-конференција министерот за финансии Здравко Мариќ наведе дека куните во банките автоматски ќе се претвораат во евра според официјалниот курс (7,534 куни за евро).

– Од 5 септември задолжително цените ќе бидат во куни и во евра, но убеден сум дека некои трговци со тоа ќе почнат порано. Четири месеци пред и 12 месеци по воведувањето на еврото, задолжително е да има двојни цени, посочи Мариќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска: 35 ранети и повредени во нападот на навивачи на полицијата

Ана Ололовска

Милановиќ вели дека украинската не е единствената криза што заслужува внимание

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сплитски навивачи се степаа со полицијата на автопатот кај Загреб, има ранети

Ана Ололовска

Милановиќ: Хрватскиот амбасадор во НАТО ќе добие инструкции да се спротивстави на членството на Финска и Шведска

Ана Ололовска

Дојава за бомба во Авенија мол во Загреб

Ана Ололовска

Грлиќ Радман: НАТО посилно да се ангажира во Западен Балкан