Пленковиќ: Европа и носи плус на Хрватска, а не минус

Од:

Хрватска сака да ги интензивира комуникациските активности за европските теми со цел граѓаните да се запознаат со нив, а Европа и носи плус, а не минус на Хрватска, изјави денеска во Брисел хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

– Сакаме да ги интензивираме комуникациските активности за европските теми, бидејќи е важно нашите граѓани да бидат информирани. Уште еднаш повторувам дека Европа и носи плус, а не минус на Хрватска, рече Пленковиќ на почетокот на вториот ден од Самитот на ЕУ.

Лидерите на ЕУ ја поддржаа целта Европа да стане климатски неутрална до 2050 година, со тоа што Полска во овој момент не може да се обврзе на тоа. Тоа значи дека Полска не го блокираше заклучокот, но дека засега не може да се обврзе.

– Компромисот што е постигнат е одржлив. Она што е важно е дека Хрватска сака да биде дел од Европа и дел од глобалните активности што одат заедно со она што е важно за заштита на животната средина, што е важно да се намалат сите можни форми на загадување и од оваа страна ние очекуваме дека дури и за време на нашето претседателство во фокусот ќе биде темата за климата, тема што е глобално број еден, рече Пленковиќ.

Тој истакна дека прилагодувањето на еколошката транзиција ги чинат некои земји многу, некои помалку и дека позицијата на државите на западниот дел на континентот и оние на истокот не е иста.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари