Платформата насочена на статусот на северниот дел на Косово

Од:

Во центарот на државната платформа за Косово и Метохија е идејата северниот дел на Косово да добие најширока можна територијална, суштинска автономија и да биде некој вид на ентитет, објави денеска „Вечерње новости“.

Државната платформа, што следните денови ќе ја претстави претседателот Томислав Николиќ, во неделата ја поддржаа лидерите на владејачките партии.

Според неофицијални информации на „Вечерње новости“, Србија би требало да се бори за што поголеми статусни и формални права на Србите во Косово и Метохија.

Весникот наведува дека платформата ќе се повикува и на Уставот на Србија, бидејќи Белград под ниту едни услови нема да ја признае независноста на Косово.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски