ПКК најави прекин на примирјето ако турските сили преземат воени акции

Од:

Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) ќе го прекинат примирјето во Турција, само доколку турските сили за безбедност преземат воени акции, изјави денеска претседателот на политичкото крило на ПКК, Сојузот на курдските општини, Мурат Карајлан.

Тој предупреди дека доколку се организира воена операција и дојде до судири, тоа може да го поткопа започнатиот мировен процес.

– Процесот за решавање на курдскиот конфликт се наоѓа во мошне деликатна фаза. Доколку Турција не ги прекрши условите за прекин на огнот и ние нема да го сториме тоа. Но, уште отсега кажуваме дека доколку бидат преземени воени операции, примирјето ќе биде прекинато, нагласи Карајлан.

Турските власти почнаа мировни преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан пред околу една година. Во март Оџалан објави прекин на огнот и курдските бунтовници во мај почнаа да се повлекуваат од турска територија.

Карајлан потсети дека на почетокот на минатиот месец ПКК го прекина повлекувањето на борците од Турција.

– Не принудија да го сториме тоа. Одговорноста за тоа е кај Владата. И ако утре мировните преговори пропаднат, ние нема да бидеме виновни за тоа, додаде тој.

Карајлан нагласи дека додека ПКК почнала со повлекувањето во рамки на мировниот процес, државата и Владата не направиле ниту еден чекор за зголемување на довербата, насочена кон пронаоѓање на решение за конфликтот.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски