Пилај со повик до Анкара да не се употребува прекумерна сила врз мирните демонстранти

Од:

Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај повика денеска турските власти да се откажат од употреба на прекумерна сила спрема мирните демонстранти и оти тие акции само провоцираат незадоволство и поставување политички барања.


– Во ситуација во која се зголемуваат масовните протести, владата треба да направи се што е можно за да гарантира дека полицијата нема да употреби прекумерна сила и нема да ги наруши човековите права, наведува Пилај во изјава.


Според неа, многу е важно Анкара да признае дека корените за проблемот се во жестоките акции на полицијата спрема демонстрантите во првите денови од протестите.


Таа вели дека е особено загрижена од изјавите за употреба на прекумерна сила од страна на поицијата против групи мирни демонстранти што може да се одрази врз здравјето на луѓето кои протестираат.


Пилај повикува да биде извршена истрага за сите случаи за употреба на прекумерна сила од страна на полицијата и да бидат казнети виновниците. Од крајот на мај кога во државата почнаа протестите, загинаа четири лица, а стотици беа повредени.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски