Петков: Во јуни ќе биде готова гасната врска меѓу Грција и Бугарија, а од септември ќе тргне азербејџанскиот гас

Од:

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска ја посети грчката маршрута на гасната врска меѓу Грција и Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков кажа дека сите цевки се поставени и доколку гасоводот се заврши до крајот на јуни веќе во септември азербејџанскиот гас целосно ќе може да влезе во комерцијална употреба.

Според Петков, сите цевки се поставени, а мора да се постават и каблите што ја контролираат трасата.

-Физичката инфраструктура на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е веќе распоредена, а во моментов се врши хидраулично тестирање, што значи дека изградбата е многу напредната, што ја потврдува тезата дека во последните три месеци е направено повеќе отколку во последните година, рече Петков, кој изврши увид во изградбата на интерконекторот во реонот на градот Комотини, во северна Грција.

Завршувањето на овој проект е многу важно, бидејќи кога зборуваме за диверзификација, тоа значи пониски цени на гасот, парното и следната зима ќе има помал ценовен притисок во Бугарија.

Петков додаде дека ја минал целата траса и го знаел секој метар од неа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори