Петков соопшти Бугарија престанала да испушта гас од државното складиште

Од:

Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска изјави дека се бараат опции за купување гас преку врската со Грција со цел да се обезбедат граѓаните ако има проблеми со снабдувањето со гас поради можна криза меѓу Русија и Украина.

Бугарскиот премиер рече дека се направени три работи – стопирано е испуштањето од државното складиште за гас во Чирен, за да остане капацитетот во него како што е сега, а се следи и дали може да се дополни Чирен. Според него, Софија имала контакти со ЕК во случај да има целосен прекин на испораката на гас од Русија

-Истовремено, Бугарија гледа дали може да се купи течен гас преку врската со Грција, за да е извесно дека домаќинствата нема да бидат погодени дури и да има критично сценарио, изјави бугарскиот премиер, јави дописникот на МИА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори