Петков: Првата задача ќе ми биде да се запознам со состојбата во поплавените региони

Од:

Новоизбраниот премиер на Бугарија Кирил Петков изјави дека кога првата задача кога ќе ја преземе премиерската функција ќе му биде да се запознае со состојбата со поплавите во југозападна Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија.

Тој, исто така, кажа дека меѓу првите задачи по премеањето на функцијата ќе му биде и средбата со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, за изградбата на интерконекторот и гасната врска меѓу двете соседни земји.

-Ние мора да работиме заедно со Северна Македонија, но Бугарија нема да го промени ставот за „Планот од пет точки“, рече Петков.

Претседателот Румен Радев денеска во претседателството ја собра преодната влада на Бугарија, предводена од Стефан Јанев, и и’ се заблагодари за работата во изминатите три месеци.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори