Петков нема да поддржи влада со мандат на ГЕРБ

Од:

Кирил Петков, кој е копретседател на бугарската политичка партија Продолжуваме со промените, на консултациите со претседателот на државата, Румен Радев најави дека нема да поддржат влада со мандат на ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Петков, тие ќе бидат најпредвидливата опозиција за мандатарот, кој ќе биде ГЕРБ. Ќе имаат можност да знаат на кои политики ќе поддржиме влада, а кои не, изјави Кирил Петков по полчасовните консултации пред врачувањето на мандатот за формирање влада во зградата на претседателството.

Продолжуваме со промената, потенцирајќи повторно дека нивен приоритет се 16-те главни политики, кои се насочени кон народот, веќе презентирани од нивната партија. Петков инсистираше на тоа дека предизборните ветувања мора да се одржат и затоа нема да поддржат влада со мандат на ГЕРБ.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори