Петков: Бугарија протерува 70 дипломати од руската Амбасада во Софија

Од:

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков денеска соопшти дека нивните специјални служби идентификувале како 70 дипломати дека биле поврзани со руските служби, а работеле против интересите на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им честитал на бугарските служби и на Министерството за надворешни работи што си ја завршиле работата.

Сите биле дипломати, но правеле необични активности, изјави бугарскиот премиер.

-Ова не е агресија врз рускиот народ. Секој што работи за странски интереси ќе биде повикан да се врати во земјата од која е дојден, изјави премиерот Петков.

„Многу од овие луѓе работеа директно за странски служби и нивната дипломатска улога биле прикриена“, додаде тој.

Во недела, рече Петков, очекува полн авион со 70 дипломати да се врати во Москва.

Според него, кога странските влади ќе се обидат да се мешаат во внатрешните работи на Бугарија, Софија јасно ќе се спротивстави на тоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија