Петков: Бугарија е суверена држава и одамна го направи својот избор да биде дел од НАТО

Од:

Во врска со инсистирањето на Русија НАТО да ги повлече своите војници од Бугарија и Романија, бугарскиот премиер Кирил Петков даде изјава пред Националното собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според премиерот на Бугарија Кирил Петков, неговата земја сама одлучува каква политика ќе води во рамките на членството во НАТО.

Договорот од Вашингтон не предвидува втора категорија на земји-членки за кои колективната одбрана е селективна или ограничена, рече Петков, кој ја повика Руската Федерација да остане посветена на конструктивен дијалог за деескалација на тензиите и да работи за побезбедна Европа врз основа на владеење на правото и строго спроведување на меѓународните правни обврски.

Неговото излагање во Националното собрание беше по барањето на Русија НАТО да повлече делови од Алијансата од Бугарија и Романија, тоа беше побарано од опозицијата ГЕРБ-УДФ.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната