Петиција против изградбата на нафтоводот „Бургас-Александруполис“

Од:

Во пет општини во реонот на бугарскиот град Бургас започна собирање на потписи против изградбата на нафтоводот „Бургас-Александруполис“, јави БТА.

Како што соопшти денеска иницијаторот на петицијата, Национална асоцијација „Бугарско Црноморје“, потписи се собираат во општините Бургас, Поморие, Созопол, Приморско и Царево.

Асоцијацијата тврди дека растоварот на нафта од танкери во пристаништето во Бургас, која потоа би се пренесувала преку нафтоводот, претставува „еколошка бомба, која ќе го убие животот не само во крајбрежните води, туку и на самото крајбрежје“.

– Тоа ќе ги испразни црноморските градови, летионот туризам ќе биде конечно уништен, а риболовот невозможен, изјави раководителот на Асоцијацијата, Димитар Канариев.

Според него, во извештај на Бугарската академија на науките (БАН) околу последиците од овој нафтовод. било наведено дека со изградбата на овој проект ќе бидат уништени околу 200 објекти од културното и археолошкото наследство.

Канариев истакна деак во 2009 година жители на Бургас, Созопоч и Поморие „категорично кажале „не“ на проектот“ на спроведениот референдум.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори