Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Од:

Пет турски војници загинаа во напад на воена база во полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана. Властите ги обвинија курдските милитанти. Министерството објави на социјалните мрежи дека уште осум војници биле ранети, од кои тројца потешко, кога напаѓачите се обиделе да се инфилтрираат во базата.

Турците тврдат дека 12 милитанти се „неутрализирани“ и дека операциите во областа продолжуваат.

Ранетите турски војници се хоспитализирани.

Министерот за надворешни работи Хакан Фидан подоцна им изрази сочувство на семејствата на загинатите борци.

„Ќе се бориме до крај против терористичката организација ПКК во и надвор од нашите граници“, рече тој, мислејќи на милитантите поврзани со Курдистанската работничка партија.

Сличен инцидент се случи пред три недели во северен Ирак и беа убиени 12 турски војници.

Според турските власти, милитантите поврзани со ПКК се обидоа да упаднат во турска база во северен Ирак на 22 декември. Шест војници загинаа во престрелката што следеше.

Следниот ден, во судирите со курдските милитанти загинаа уште шест турски војници.

Турција одговори со напади врз цели за кои официјални лица рекоа дека се поврзани со ПКК во Ирак и Сирија.

Министерот за одбрана Јасар Ѓулер тогаш објави дека десетици курдски милитанти биле убиени во воздушни и копнени напади. Се уште не е познато дали новиот напад се случил на истата локација како и оној од пред три недели. ПКК, која има бази во северен Ирак, водеше децениски бунт во Турција и се смета за терористичка организација од западните сојузници на Турција, вклучително и САД.

Десетици илјади луѓе загинаа од почетокот на конфликтот во 1984 година. Турција и САД, сепак, не се согласуваат околу статусот на сириската курдска група, која е сојузник со Вашингтон во борбата против Исламската држава во Сирија.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени