Пелеши најави дека Албанија ќе ја зајакне кибер одбраната

Од:

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши на прес-конференција говорејќи за реализираните минатата и планираните цели во оваа календарска година, истакна дека приоритет ќе биде областа на безбедноста и одбраната.

Пелеши додаде дека ќе има новини, бидејќи ќе се додаде и употребата на двата сателита „Албанија1“ и „Албанија2“, пуштени во вселената на трети овој месец, во одбранбени практики, кои според него се многу ефикасни.

– Тоа е иновација бидејќи излегуваме и стануваме дел од услугите кои доаѓаат од сателитите во Вселената. Покрај сателитски снимки, тие ќе можат да се претворат во услуги со помали трошоци и поголема ефикасност. Од нив се очекува да придонесат за контрола на територијата. Така можеме да направиме повеќе со помалку инвестиции, рече Пелеши.

Тој зборуваше и за изградбата на базата на НАТО во Кучово избирајќи ја Албанија како стратешка позиција на Балканот.

– Продолжува изградбата на тактичката база на НАТО во Кучово, што е првата воздухопловна база на НАТО на Балканот. Албанија е избрана не без цел, има стратешка позиција на Балканот. Ние сме земја сојузник на НАТО, безбедна земја, посочи Пелеши.

Тој додаде дека почнала имплементацијата на проектот за формирање и зајакнување на Воената единица за кибернетичка одбрана.

– Завршена е првата фаза од проектот за комуникација земја-воздух-земја (GAG). Вооружените сили како дел од него ќе ги имаат противтенковскиот ракетен систем „Јавелин“ и противвоздушниот ракетен систем „Стингер“. Договорот за зголемување на воздушната флота со беспилотни борбени авиони го потпишавме со турската компанија „Бајрактар“ и очекуваме тие да бидат испорачани. 2023 ќе биде година кога воената единица за киберодбрана ќе биде целосно комплетиран со човечки ресурси, нагласи тој.

Пелеши искажа голема благодарност до САД за поддршката дадена минатата година, посебно споменувајќи го „активирањето на напредниот штаб на командата на американските специјални сили“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија