Партијата на Харадинај: По никоја цена не стануваме дел од Владата

Од:

Партијата на Рамуш Харадинај, Алијаса за иднината на Косово (ААК), јавно се произнесе дека по никоја цена нема да биде дел од Владата на премиерот Иса Мустафа.

Реакцијата на партијата следува по информациите објавени во некои медиумите дека ААК ќе биде дел од владината колиција, Демократската партија,на Хашим Тачи и Демократскиот сојуз на Иса Мустафа.

– ААК по никоја цена ,нема да биде дел од Владата. Нашиот цврст став е да се бориме против лошото работење на владата.Нема никаква вистина дека ќе бидеме дел од власта, тоа се само фабрикувани информации од спонзорираните медиуми, категорични се од партијата.

Од партијата додаваат дека новите предвремени избори никој не може да ги запре исто како и омасовувањето на партијата.

ААК најмалку во двата последни законодавни дома е во опозиција, Пред неколку дена партијата ја напушти Доника Кадај Бујути,координатор на пратеничката група на оваа партија а претходно истата ја напуштија и пратениците Блерим Шаља и Мелихате Трмколи.

Моментно партијата има само осум пратеници, откако и лидерот Харадинај неодамна го врати пратеничкиот мандат. Партијата е дел од обединетата опозиција,во која се и Движењето „Самоопределување“ и Иницијативата за Косово. Но,се чини дека оваа коалиција е пред распад, за што прв сигнал е одложувањето на протестот закажан за 26 март.

Веднаш по изборите, 2014 година, Харадинај и Мустафа постигнаа договор кога Харадинај беше одреден за премиер, а Мустафа за претседател на парламентот за да потоа стане и шеф на државата.Но,договорот пропадна откако Мустафа му го сврте грбот и формира коалиција со Тачи,кој му го отстапи премирското место за возврат на претседателското.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски