Парламентот на Република Српска денеска се изјаснува за новата влада

Од:

Парламентот на Република Српска денеска ќе гласа за новата влада, чиј состав и програма пред пратенциите ќе ги претстави мандатарот Жељка Цвијановиќ.

Без гласовите на опозицијата, кабинетот на Жељка Цвијановиќ може да смета на потребната поддршка, бидејќи Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Демократскиот народен сојуз (ДНС) и Социјалистичката партија имаат мнозинство во парламентот на РС, односно заедно имаат 47 пратеници.

СНСД, партијата која ќе има 10 од вкупно 15-те министерства, ќе ги преземе ресорите за економски односи, образование, здравство, земјоделие и полиција, јави радио-телевизија на РС -РТРС.

Се уште е непознаница името на кандидатот за министер за трговија и туризам, бидејќи за СНСД е неприфатлив кандидатот на СДА Џевад Махмутовиќ, а оваа партија не е премногу заинтересирана да предложи нов кандидат, изјави потпретседателот на СНСД Игор Радојичиќ.

Оваа позиција, наведуваат од СНСД, ќе ја пополни Бошњак од оваа партија.

Потпретседателот на СДА Рамиз Сакиќ истакна дека оваа партија ги разгледала сите можности и заклучила дека нема потреба од договор со СНСД.

Социјалистичката партија ќе го поддржи изборот на новата влада, рече претседателот Петар Ѓокиќ.

Партијата на демократскиот прогрес (ПДП) нема да ја поддржи новата влада  бидејќи смета дека не нуди економски просперитет за граѓаните на РС, изјави генералниот секретар на оваа партија Игор Црндак.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Додик: Ако Трамп победи на изборите, Република Српска би можела да прогласи независност

Катерина Ѓуровски

Додик го слушна обвинението: Измислица на обвинителството за политички притисок, фактите немаат врска со мене

А1он

(ВИДЕО) Го осудија за педофилија, па им избега низ прозорец

Предраг Петровиќ

Додик: Република Српска има поддршка од околу 15 држави да се отцепи од Босна

Русите ќе градат голем објект на истокот на БиХ, во Република Српска