Парламентарни избори во Романија

Од:

Над 18,2 милиони Романци имаат право го дадат својот глас на денешните парламентарни избори во Ромнаија, во некое од 18.762 избирачки места во земјата и странство. Избирачките кутии се отворени од седум часот изутринава по локално време, а ќе бидат затворени во 21 часот.

Над 2.400 кандидати од 30 политички субјекти – партии, сојузи, организации на национални малцинства ќе се борат за место во Парламентот за следниот четиригодишен мандат. Во Двата дома има вкупно 470 пратеници, но бројот на мандатите може да надмине 500 поради сложенот изборен модел, кој е комбинација на мнозинскиот и пропорционалниот.

Според анкетите фаворит на изборите е владејачкиот левоцентристички Социјал-либерален сојуз на премиерот Виктор Понта.

Предизборните анкети покажуваат дека Понта може да освои половина од гласовите, а по него следуваат сојузот „Десна Романија“ на неговиот политички опонент претседателот Трајан Басеску и Партијата на народот на медиумскиот магнат Дан Дјаконеску.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет