Папата стана почесен граѓанин на Тирана

Од:

Папата Франциско стана почесен граѓанин на албанскиот главен град Тирана, јави дописникот на МИА.

Едногласна одлука за тоа донесе  Советот на Општина Тирана, кој исто така даде зелено светло и за реконструкција на тиранскиот плоштад „Мајка Тереза“ во Тирана, каде папата ќе биде пречекан на 21 септември.

По повод посетата на папата Франциско плоштадот „Мајка Тереза“ ќе биде целосно рекоструиран и уреден, вклучувајќи и хортикултурно, за што од државниот буџет се издвоени 600 милиони леки.

Досега многу често се зборуваше за отстранување на фонатаната и негово уредување, но се чини работите ги интензивира посетата на папата. Фонтаната ќе биде отстранета а местото наполнето со земја, со што се создава отворен плоштад за мисата која ќе ја одржи папата.

Папата ќе ја посети Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама  и на претставниците на Католичката црква во Албанија.

Папата Франциско е втор понтиф кој ја посетува Албанија. Прв на албанска земја стапна Папата Јован Павле Втори на 25 април 1993 година.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент