Папандреу го обвини својот претходник Караманлис за кризата во земјата

Од:

Поранешниот грчки премиер социјалистот Јоргос Папандреуго обвини својот претходник, конзервативецот Костас Караманлис, за економската криза оценувајќи ја политиката на неговата влада како „криминална“, објави грчкиот сајт „Капитал“.

Во писмена изјава поранешниот премиер наведува дека уште од првиот мандат зборувал за реалната состојба на грчката економија и дека барал дополнително време од европските партнери за да ги реши проблемите на земјата.

Папандреу, меѓу другото, ја обвинува владејачката партија до 2009 година и дел од медиумите дека ширеле гласини дека неговата Влада фабрикувала статистички податоци за буџетскиот дефицит и дека целта на овие забелешки било да се дискредитира управувањето на социјалистите.

Поранешниот премиер смета дека партнерите на Грција првично покажале смиреност, потоа страв и неодлучност и на крајот се држеле рамнодушно во однос на нападите на пазарите против Грција, додека во исто време аналитичарите целата вина ја префрлиле само врз него.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески