Панос Каменос ја напушта грчката Влада

Од:

Коалицискиот партнер во грчката Влада, претседателот на Независни Грци и министер за одбрана на Грција Панос Каменос по средбата со Алексис Ципрас рече дека ја напушта Владата.

Деталите ќе ги соопшти на прес-конференција.

Каменос е противник на Договорот од Преспа за решавање на спорот за името со Македонија и во петокот, пред гласањето за уставните измени во македонското Собрание, истакна дека со Владата се разидуваат само по тоа прашање.

– Единствената наша разлика во коалициската Влада е името на Македонија. Останатите работи се решаваат парламентарно. Прашање за доверба не постои, освен ако тоа се поврзе со Договорот од Преспа каде што ќе се донесат одлуки од органите на Независни Грци и ќе го известам премиерот, напиша Панос Каменос.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески