Палестинското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлуката на Приштина да отвори претставништво во Ерусалим е разочарувачка и ја повика да ја преиспита одлуката и да ја повлече.
Според палестинската агенција Вафа, Министерството навело дека одлуката на Приштина е спротивна на сè што тамошните власти се обидуваат да сторат за да го убедат светот да ја признае независноста на Косово, јави Танјуг повикувајќи се на порталот Репортери.
Палестинското МНР смета дека одлуката на Приштина е погрешна и оти нејзиното повлекување ќе претставува пример за посветеност на законитоста и меѓународното право.
Пред два дена Косово и Израел потпишаа договор за воспоставување дипломатски односи.