Пахор и официјално ги закажа парламентарните избори во Словенија за 24 април

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска ја потпиша одлуката за одржување парламентарни избори во Словенија в недела, на 24 април.

Како што истакна по потпишувањето на одлуката, тој се одлучил за првиот можен датум по консултациите со политичките партии пред два месеци и смета дека на овој начин ќе се овозможи Словенија да добие нова влада пред летната пауза на Парламентот.

Пахор рече дека по конституирањето на новиот парламент и консултациите со партиските лидери, ќе му даде мандат за формирање нова влада на кандидатот кој очигледно има поддршка од апсолутното мнозинство во 90-члениот словенечки Парламент. За таа цел тој ќе побара да му бидат доставени 46 потписи за поддршка на кандидатот за мандатар.

– Знам дека таквата постапка не е пропишана норма“ рече Пахор, додавајќи дека на таква одлука бил поттикнат од искуството по парламентарните избори во 2018 година. Тогаш Пахор го даде мандатот за состав на новата влада на претседателот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша (актуелен премиер), бидејќи таа партија доби релативно мнозинство гласови и мандати, но Јанша подоцна го врати мандатот бидејќи другите партии одбија да влезат во потенцијална коалиција со него. Јанша дојде на чело на владата во март 2020 година, откако претходната влада на Марјан Шарец го загуби парламентарното мнозинство и поднесе оставка.

Доколку по годинешните парламентарни избори не ги добие заверените потписи од мнозинството пратеници кои поддржуваат еден кандидат за премиер, Пахор рече дека во тој случај прво ќе му го даде мандатот на кандидатот на партијата што освоила релативно мнозинство во парламентот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Словенија ја призна Палестина

Катерина Ѓуровски

Словенија го одлага признавањето на Палестина

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски