Пахор и Јосиповиќ апелираа за решавање на спорот околу „Љубљанска банка“

Од:

Претседаелите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ денеска од Слацбург ги повикаа владите на нивните две земји што поскоро да најдат решение за спорот со „Љубљанска банка“ и изразија надеж дека словенечкиот Парламент ќе го ратификува Договорот за членство на Загреб во ЕУ.

– Апсолутно верувам дека Словенија и Хрватска ги водат одговорни луѓе. Немам причини да се сомневам дека со уважување на своите национални интереси, тие ќе го направат она што е  најдобро за двете држави, изјави Јосиповиќ по средбата со Пахор во австрискиот град.

На заедничката прес-коференција со Јосиповиќ, Пахор изјави дека очекува словенечкиот Парламент да и овозможи на Хрватска без проблеми да влезе во ЕУ на 1 јули.

– Немам сомнежи дека две трертини од пратениците (во словенечкиот Парламент) ќе го исполнат тоа, кога ќе биде најдено решение за „Љубљанска банка“ врз основа на виенскиот Договор (за сукцесија на СФРЈ), рече Пахор.

Двајцата шефови на држави изјави дека на нивната средба во Слацбург не разговарале за детали околу спорот со заштедите на хрватските граѓани во пропаднатата „Љубљанска банка“, чие решевање е услов што го постави Љубљана за ратификација на Договорот за членство на Хравтска во ЕУ.

Пахор и Јосиповиќ денеска во Салцбург присуствуваа на свеченоста на која беа прогласени за „заштиници на Европската академија за науки и уметности“, титули кои им се доделуваат на политичари кои ја поддржуваат европската идеја и соработката во Европа.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик