Пахор: Хрватската екслузивна економска зона во Јадранот нема врска со прашањето на границата

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор изјави дека прашањето за словенечко-хрватското разграничување е решено со договорот за арбитража на границата и дека ова прашање не е поврзано со одлуката на Хрватска да прогласи ексклузивна економска зона на Јадранот.

-Морската граница беше одредена со арбитражниот договор, како и главниот тек на копнената граница, а се уште не е утврдено само како да се имплементира оваа одлука на арбитражата, рече Пахор во синоќешното интервју за словенечката телевизија, пренесе хрватскиот портал Индекс.

Одговарајќи на прашања во врска со односите со Хрватска, Пахор повтори дека прашањето за границата веќе не претставува проблем за Словенија и рече дека е убеден дека арбитражното решение порано или подоцна ќе биде спроведено на терен.

Хрватска не ја признава арбитражата и сака конечното решение да се постигне со билатерален договор.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари