Пацоли: Не ми дозволија влез во Србија, ќе има реципрочни мерки

Од:

Косовскиот шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли потврди дека му е забранет влезот во Србија, поточно посетата во Нови Пазар каде што требаше да присуствува на седницата на Бошњачкиот национален совет.

Пацоли кажа дека добил одговор и по писмен пат, дека влезот во Србија не може да му биде дозволен во својство на министер за надворешни работи.

-Би било фер овие мерки да ги примениме реципрочно кога станува збор за Србија, кажа тој за приштинскиот портал „Газета Експрес“.

Тој кажа и дека во Приштина нема да оди во ниедно друго својство освен како заменик на премиерот и шеф на дипломатијата на Косово.

Како што наведуваат медиумите од Косово, неговата функција е причина за одбивање на посетата, што е наведено и во документот кој пристигнал во косовската Канцеларија за врски.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада