Пацоли им порача на младите во Албанија и во Косово да имаат трпение зашто „иднината подготвува изненадувања“

Од:

Косовскиот вицепремиер и шеф на дипломатијата, во заминување, Беџет Пацоли од албанскиот приморски град Валона, упати порака до младите во Албанија и во Косово да имаат трпение „бидејќи ги чека посветла иднина“.

Оваа порака тој ја упати поради масовната миграција на младите во земјите на ЕУ, што веќе станува проблем и за двете земји.

– Јас сум крајно загрижен за заминувањето на нашите млади од Албанија и од Косово. Сакам да ви порачам да имате малку трпение, бидејќи иднината подготвува изненадувања, кои зборуваат за иднината на младите и иднината што тие мора да ја најдат тука, порача Пацоли, кој присуствуваше на одбележувањето на 25-годишнината од формирањето на Универзитетот во Валона „Исмаил Ќемали“.

Според ректорот Роланд Зиси, Универзитетот во Валона е дел од 400 најуспешни универзитети во Европа. Според него тоа е заслуга на генерациите на декани, академици и професори.

Но, за разлика од другите академски години во некои универзитети во Албанија, вклучително и во Валона, некои студиски програми се затворени поради малиот број на студенти.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви