Пацоли ги почестил изморените полицајци со сендвичи

Од:

Косовскиот вицепремиер Беџет Пацоли ги честел сите полицајци кои биле вклучени во акцијата со движењето „Самоопределување“ пред косовскиот Парламент на 27. јуни, објавија денеска косовските медиуми.

По завршувањето на седницата на Парламенот, на која беше ратификувана спогодбата од Брисел, меѓу Србија и Косово, од собраниското бифе излегле калнери кои со сендвичи ги послужиле сите припадници на косовската полиција, кои изморени и извалкани со боја која ја фрлале демонстрантите, биле седнати да одморат.

– Кога заврши седницата Беџети ги виде изморените полицајци и нарача сендвичи за сите нив, потврди пратеничката од неговата партија, Алијанса за ново Косово, Мусејене Селмани.

Таа не ја открива сумата што ја платил Пацоли, но медиумите наведуваат 450 евра.

Беџет Пацоли е еден од најбогатите Албанци во светот, но е познат и по неговата хуманост.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ