Пациент со симптоми на ебола предизвика паника во Турција

Од:

Пациент за кој постои сомнеж дека боледува од ебола предизвика паника во округот Коџаели во северозападна Турција, јави турската телевизија НТВ.

Пациентот е сместен во болницата во градот Деринџе, што е вклучена на списокот на Министерството за здравство за медицински установи со одделенија кои ги третираат вакви заразни случаиј.

Заради сомненжите за заболен од оваа смртоносна болест во болницата не се примаат други пациенти.

Надлежните државни органи не даваат повеќе детали за случајот.

Турското Министерство за здравство подготви препораки за активностите на медицинските лица во земјата при опасност од ебола, определувајќи 45 болници во 36 од 81 окрузи на Турција, каде ќе бидат прифаќани пациенти со сомнеж за заразната болест.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски