Отворена делницата на автопатот од Коридорот 10 кај Бујановац

Од:

Кај српскиот град Бујановац, во близина на македонската граница, денеска е пуштена во сообраќај нова делница од автопатот од Коридорот 10, во должина од 6,6 километри.

Во состав на делницата е и чворот Бујановац 1, кој обезбедува директен влез и излез за Бујановац и пристап до целата постоечка мрежа на државни и локални патишта во тој дел на Србија, меѓу кои и до патот за манастирот „Св. Прохор Пчински“.

Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за една од најпроблематичните делници на Коридорот 10, која требаше да биде завршена пред една година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски