Отпуштени над 27.000 просветни работници во Турција

Од:

 Над 27.000 лица се отпуштени од образовниот сектор на Турција, по неуспешниот обид за преврат на 15 јули, изјави денеска турскиот министер за образование Исмет Јилмаз.

– На 27.424 вработени во училиштата и образовните институции, кои во исто време биле дел од „паралелната структура“, им беа одземени лиценците за работа. На тие службеници никогаш повеќе нема да им биде дозволено одново да работат во државна или приватна образовна институција, истакна министерот.

„Паралелна структура” е термин што го користат турските владини претставници за означување на лицата вработени во државните институции, за кои се верува дека се следбеници на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, за кого пак, Анкара тврди дека стои зад обидот за воен преврат.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски