Осумнаесет лица загинаа во нападот во Турција

Од:

Осумнаесет лица загинаа, меѓу кои 10 војници и осум цивилни, во денешниот напад со автомобил-бомба врз воен објект во југоисточниот турски округ Хакари, соопшти турскиот премиер Бинали Јилдери.

Премиерот истакна дека нападот бил извршен пред контролен пункт на војската. Тој соопшти дека колата била натоварена со пет тона експлозиви.

27 лица, меѓу кои 11 војници се повредени во нападот, зад кој се смета дека стојат бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК). Од ранетите 27 лица, 11 се војници.

Нападот е извршен изутрината од страна на бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК) пред објектот Дурак во планинска област, на 20 километри од градот Шемдинли. во близина на границите со Ирак и Иран.

Силите за безбедност почнаа масовна антитерористичка операција со учество на воено воздухопловните сили. 

Би можело да ве интересира

Ердоган го одобри влезот на Шведска во НАТО, предлогот оди во турскиот парламент

Инфлацијата во Турција се искачи на речиси 79 отсто

Светските власти остро реагираат на турскиот напад врз Сирија

Крвави избори во Турција

Доживотен затвор за Ахмет Алтан и уште пет новинари во Турција

Кристијан Ландов

Во Турција приведени 18 лица за вчерашниот напад во Измир

Емир Латифовиќ