Ослободена ќерката на бугарскиот нарко бос

Од:

Непознатите киднапери ја ослободија ќерката на бугарскиот крал на кокаинот, Евелин Банев, пишуваат локалните медиуми.

Десетгодишната Лара Банева беше киднапирана на 5-ти март, а нејзиниот татко плати пола милион евра за нејзино ослободување, соопшти бугарското радио „БНР“.

Киднаперите го оставиле девојчето на паркинг во близина на полициска станица. Лана сама отишла во полицијата и им се претставила.

На девојчето и е пружена лекарска помош и е утврдено дека е во добра здравствена состојба, соопшти бугарското минстерство за внатрешни работи.

Евелин Банев, познат како Брандо е четирисет и седумгодишен криминалец кој наводно зазема висока позиција меѓу бугарската мафија.

Кралот на кокаин као што уште го нарекуваат, на 15 февруари е осуден на седум и пол години затвор поради перење на пари, а сега е во Италија каде што против него се води постапка поради увоз на кокаин од Латинска Америка.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори