Орешарски: Мојата Влада можеби ги има најтешките сто дена од сите влади досега

Од:

Мојата Влада можеби ги има најтешките сто дена од сите влади досега, таа беше тешко избрана и уште од првиот ден се бара нејзина оставка, изјави новиот бугарски премиер Пламен Орешарски пред учесниците на советот на Партијата на европските социјалисти во Софија.


Форумот се одржува во бугарскиот Национален дом на културата, во главниот град Софија.


– Наспроти тешкотиите уште од изборот на Владата, се фокусираме на неодложните мерки, ги зајакнуваме некои социјални програми и обрнуваме внимание на невработеноста кај младите, нагласи Орешарски, јави БТА. 


Тој појасни дека другите мерки се насочени кон подобрување на бизнис климата и намалување на административните тешкотии и демократизирање на целокупниот процес на управување.


– Се надевам дека за првите 100 дена некои од овие мерки ќе бидат исполнети, а по други ќе има напредок, нагласи новиот бугарски премиер.


Пред бугарскиот Национален дом на културата (НДК), денеска се собраа неколку стотици демонстранти извикувајќи „Оставка“, „Црвено ѓубре“ и „Мафија“. Организаторите на протестот бараат оставка на премиерот Орешарски.   


Демонстрантите носат државни знамиња, транспаренти на англиски јазик, антисоцијалистички пораки и свират во знак на протест.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори