Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека доколку продолжи илегалната миграција во Европа, тој ќе донесе мигранти во Брисел и ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ.

-Ќе донесеме мигранти од Будимпешта во Брисел и ќе ги оставиме пред канцелариите во Брисел. Ако ги сакаат, нека ги задржат – изјави Орбан на собранието на италијанската десничарска партија Лига во Понтида кај Бергамо.

Неговите зборови беа придружени со громогласен аплауз од членовите на таа партија, со извици „Орбан, Орбан, Орбан“, пренесе АНСА.

„Не верувајте дека тоа е невозможно, ние сме жив пример“, додаде Орбан, потсетувајќи дека „во Унгарија бројот на мигранти е нула“, бидејќи, како што наведе, неговата земја „не ја предава својата земја на други“.

Според него, унгарските власти не дозволуваат влез на илегални мигранти во земјата.

„Ние ќе ги браниме нашите граници. Оние кои сакаат да влезат мора да чекаат дозвола и тоа мора да го направат надвор од нашата граница“, изјави Орбан, пренесе Танјуг.

Унгарскиот премиер Орбан заклучи дека поради овие политики денеска неговата земја е најбезбедна држава во Европа.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: ЕУ со опасен однос кон лидерите на Западен Балкан

А1он

Орбан: Нема да дозволиме да не принудат да го прифатиме членството на Украина во ЕУ

А1он

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот