Опасни лекови во Хрватска; постои сомневање дека 28 луѓе умреле поради последица од нуспојави

Од:

Индекс – Загреб

Агенцијата за лекови и медицински производи ХАЛМЕД лани примила 3112 пријави на нуспојави на некој лек, вакцини и додатоци на храната, со што бројот на пријавите пораснал во однос на 2013 година за 25 отсто, се наведува во редовниот годишен извештај на Агенцијата.

28 пријави поради сомневање за смрт на пациенти

Во вкупниот број на пријави 29 отсто нуспојави ги исполнувале критериумите за сериозна нуспојава, при што 28 случаи биле пријавени поради сомневање дека предизвикале смрт кај пациентите. Тие сомневања главно се однесувале на пациенти со тешка болест, а само една пријава стигнала од семејство на починатиот.

Лани во однос на 2013 година забележани се помалку пријави дека нуспојава на некој лек предизвикало инвалидитет кај лицето кое го користело, но затоа биле добиени стотици пријави, над 376 во кои се сомнева дека нуспојавите довеле до хоспитализација на пациентите.

Пријавите најмногу се однесувале на нуспојави на лекови за кардиоваскуларни болести, како и тие за лечење на инфекции и вакцини, додека на трето место за прв пат се нашле цитостатиците, кои се користат за лечење на малигни болести.

Тој податок во ХАЛМЕД го објаснуваат со зголемен број на пријави на нуспојави до лекарите од неколку болнички центри, пред се од КБЦ Риека и КБЦ Сестре милосрднице, кои ја препознале важноста за следење на безбедноста при примена на лекови. Притоа истакнуваат дека зголемениот број на пријави не влијаел на односот на користа и ризикот за ниту еден цитостатик.

Најчести нуспојави биле мачнина, осип, дијареа, чешање, главоболка и повраќање, што е карактеристично за класичните синтетски лекови. Се работи за нуспојави кои се видливи и временски поврзани со земањето на лекот, а по престанување на користење на лекот најчесто исчезнуваат.

Нуспојавите најчесто ги пријавуваат лекарите

Нуспојавите и понатаму најчесто ги пријавуваат лекарите 53 отсто, иако тој број во 2014 година бил нешто помал од бројот во 2013 година, додека во 187 случаи има пријави од пациенти. Продолжува трендот на раст на бројот на пријави од лекарите 37 отсто, а во ХАЛМЕД се незадоволни од бројот на пријави на нуспојави кој доаѓа од болничките институции.

Најмногу пријави, од нив 2658 се однесувале на лекови, 276 на вакцини, а 20 на додатоци во исхраната, додека 158 пријави се однесувале на неочекувана нуспојава на некој лек од клинички испитувања кои се спроведуваат во Хрватска.

Претседателот на Хрватското здружение за клиничка фармакологија и терапија Динко Витезиќ вели дека на следењето на нуспојавите од лекови денес се посветува големо внимание за разлика од пред 10 години и ја истакнува важноста од едуцирањето и поттикот на здравствените работници, но и поттик на пациентите да пријавуваат.

– Смислата е пријавување на нуспојави со примена на некој лек кај голем број на пациенти, кога го земаат сто илјади луѓе, да се утврдат можни нуспојави кои не постоеле во текот на клиничкото испитување на лекот, бидејќи го користеле ограничен број на пациенти и врз основ на тоа да се процени дали треба да остане во клиничка примена или треба да се повлече од пазарот – вели Витезиќ.

Секој лекар оценува која терапија е најдобра за неговиот пациент, но можни се неочекувани нуспојави, како во состојби на истовремено земање на поголема количина на лекови, што главно е случај кај постарите лица, но и во интеракции со безрецептни лекови, храна и слично.

Хрватска на 16 место меѓу 115 земји

ХАЛМЕД наведува дека Хрватска лани според квалитетот на следењето на нуспојавите, се вброила на 16 место меѓу 115 земји кои учествуваат во програмата за следење на безбедноста на лековите на СЗО, иако во однос на 2013 година паднавме за две места.

– Хрватска во последните 10 години според бројот и квалитетот на пријави на нуспојави се наоѓа меѓу првите 20 земји на светот, но продолжуваме да го развиваме системот, на пациентите лековите да им бидат достапни на најбезбеден начин – вели Дарко Крниќ, главен координатор на Националниот центар и фармакоепидемиологија при ХАЛМЕД.

Секоја спонтана пријава, додава Крниќ, е важна за постојана безбедност при проценка на лековите и вакцините, па поради тоа секогаш повторно се потенцира важноста на пријавите на секое сомневање на нуспојава на лекови и вакцини на здравствените работници и пациентите.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари