Онлајн настава во Турција како дел од мерки против коронавирусот

Од:

Основните и средните училишта во Турција ќе бидат затворени две недели, а образованието на децата ќе продолжи преку онлајн настава како дел од мерките на претпазливост што ги презема Турција против новиот вид на коронавирус, соопшти турскиот министер за образование Зија Селчук, јави Анадолија.

Тоа е одлучено по петчасовната средба во Претседателскиот комплекс одржана поради ширењето на коронавирусот во глобални рамки. По состанокот, портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, соопшти различни мерки на претпазливост, вклучително и затворање на училиштата во наредните недели.

Министерот Селчук рече дека училиштата ќе се затворат на 16 март, додека онлајн наставата ќе почне од 23 март.

– Со системот за онлајн настава, кој ќе биде бесплатен и претставен од националното Министерство за образование, Турција е подготвена да стане земја-модел со телевизиска и интернет наставна програма и план, подготвен за првпат во светот на национално ниво, изјави Селчук пред новинарите.

Тој, исто така, истакна дека сите мобилни оператори ќе обезбедат три гигабајти бесплатен интернет за учениците со цел да ја користат онлајн услугата на Министерството.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски