Околу 265 црногорски затвореници штрајкуваат со глад

Од:

Околу 265 осуденици во затворот во црногорскиот град Спуж веќе трет ден штрајкуваат со глад, незадоволни од предложените измени на Законот за амнестија.


Затворениците стапија во штрајк во вторникот. Нивната состојба засега е стабилна, како и безбедноста во затворот, соопшти црногорското МИнистерство за правда.


Со измените на законот за амнестија, предложен од Социјалистичката народна партија, со кои е предвидено лицата кои веќе биле помилувани, да немаат повеќе правци на амнестија. Предлог-законот предвидува и да не можат да бидат амнестирани лицата осудени за тешки убиства.


Предлог-законот е во парламентарна процедура.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора