Околу 20.000 Романци планираат да заминат на работа во Велика Британија

Од:

Околу 20.000 Романци сакаат да заминат за Велика Британија по отворањето на границите кон крајот на годината, покажува истражувањето на романската агенција „Инфополитик“, објави британскиот весник „Телеграф“.

Податоците собрани од водечката агенција за политички истражувања во Романија, се првите официјални бројки за можниот ефект врз Велика Британија по укинувањето на ограничувањето на британскиот пазар на труд на 31 декември, истакнува весникот.

Британските министри признаа дека има прогнози за очекуваниот број на имигранти, но одбија да ги откријат, откако владата го потцени бројот на Полјаци, кои пристигнаа во Велика Британија по отворањето на границите во 2004 година.

Извештајот на британското Министерство за надворешни работи за ефектите од укинувањето на ограничувањето на пазарот на труд се очекува да биде објавен во следните неколку месеци.

Анкетата на Центарот за истражување и следење на јавното мислење „Инфополитик“ во Романија покажува, дека седум проценти од населението во земјата сакаат да заминат на работа во Европската унија. Од нив осум проценти сакаат да работат во Велика Британија во следните шест месеци.

Ако се земе во предвид дека околу четири милиони луѓе се во работоспособна возраст, тоа значи дека околу 22.000 лица планираат да заминат на работа во Велика Британија, наведува весникот.

Романската влада ги претстави овие бројки како доказ за неоснованиот страв од можниот бран имигранти во Велика Британија по отворањето на границите кон крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет