Околу 150 позитивни случаи на Ковид-19 во хотел со бегалци и мигранти на Пелопонез

Од:

Околу 150 бегалци и мигранти се заразени со Ковид-19 во хотелот во којшто се сместени во местото Краниди на Пелопонез, според пишувањата на грчките медиуми, но и според заменик-радоначалникот на општината, јави дописничката на МИА од Атина.

Откако вчера беше соопштено дека 28-годишна бремена жена од Сомалија, сместена во конкретниот хотел за бегалци и мигранти во надлежност на Меѓународната организација за миграција, е позитивна на Ковид-19, претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираа сите 470 лица кои престојуваат во хотелот, како и вработените.

Јосиф Мертирис, заменик-градоначалник на општина Ермионида, во чии рамки е и Краниди, местото каде што се наоѓа хотелот, говорејќи за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека до сега потврдени се 150 позитивни случаи.

Од 13 часот по локално време во тек е состанок во Краниди на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, генералниот секретар за азил, претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, како и градоначалникот и префектот на периферијата, за евентуално преземање конкретни мерки.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, пред почетокот на состанокот рече дека не постои причина за паника.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос