Огнени стихии на Крит и на Родос

Од:

Гори во Грција. Голем пожари беснеат на Крит и на Родос.

Тројца пожарникари се повредени во обидите за гаснење на големиот пожар, кој дивеево регионот на Ираклион, на грчкиот остров Крит.

Две населени места, поради опасност од ширење на пожарот веќе се евакуирани.
Во справувањето со огнената стихија се вклучени активно т копнени и воздушни единици на противпожарните сили.

Вест што вчера ја шокираше светската јавност е што 20-годишен сточар вчера изутрината стрелаше со пушка кон двајца мажи на возраст од 24 и 35 години, кои со мобилен телефон го снимале големиот пожар, кој ја зафати областа Вианос во Ираклион.

Двајцата ранети се сместени во Универзитетската болница во Ираклион со рани во стомакот и нозете. Со двајцата мажи била и една жена, која не е повредена, а грчкиот сточар бил изреволтиран поради тоа што минувачите го снимале пожарот, наместо да помогнат во неговото гаснење.

Тројца пожарникари се повредени полесно вчера во борбата со огнената стихија во шума на грчкиот острот Родос, меѓу селата Аполон и Малона.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески