Одлуката за распуштање на Саборот стапи во сила, следуваат избори

Од:

Одлуката за распуштање на хрватскиот Сабор денеска стапи во сила, со што Хрватска е само еден чекор од распишувањето парламентарни избори.

Согласно законот, изборите мораат да бидат одржани најдоцна 60 дена по распуштањето на Парламентот, по правило се одржуваат в недела, а која недела точно ќе се одржат ќе одлучи претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, во чија надлежност е одредувањето на датумот на изборите.

Во Хрватска има десет изборни единици, а избирачите од дијаспората и припадниците на националните малцинства гласаат во посебни единици, јави Хина.

Парламентарните избири во Хрватска се одржуваат по правило секоја четврта година, колку што трае пратеничкиот мандат.

Од стекнувањето на независнота во Хрватска се одржани шест избори за пратеници во Саборот, првите во 1992, а последните на 4 декември 2011 година, на кои од власт беше сменета Хрватската демократска заедница (ХДЗ), која ја замени Кукурику коалицијата, предводена од Социјалдемократската партија (СДП).

Според последните истражувања на јавното мислење победник на изборите во моментов би била ХДЗ.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари