Одбележана третата годишнина од протестите во паркот Гези

Од:

Турската полиција синоќа во Истанбул уапси неколку лица, кои учествуваа во собирите организирани по повод третата годишнина од демонстрациите против одлуката на Владата за уривање на истанбулскиот парк Гези, кои потоа прераснаа во неколкунеделни протести против исламската конзервативна Влада на тогашниот премиер и актуелен претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Како што јавија турските медиуми, собирите се одржаа на улицата „Истиклал“ во близина на централниот полоштад „Таксим“ и покрај одлуката на властите за забрана на секакви манифестации поврзани со годишнината од протестот.

Властите распоредија стотина вооружени полицајци околку плоштадот „Таксим“ и блискиот парк „Гези“, до кои пристапот беше забранет во текот на целиот вчерашен ден,

Но, и покрај забраните и поставените огради, неколку стотици опозициски активисти одржаа протестен марш низ „Истиклал“, каде се наоѓаат поголем број продавници на познати светски и турски брендови.

Во обид да го спречи протестот, кој минуваше мирно, полицијата се судри со демонстрантите, при што уапси неколкумина по нив.

Турските медиуми јавија дека демонстрации по повод третата годишнина од протестите биле организирана и во Анкара и Анталија, но од таму нема информации за инциденти.

Претходно, во текот на вчерашниот ден турската полиција изврши упад во седиштето на Комората на архитектите во Истанбул, при што уапси 16 лица. Меѓу уапсените беа и генералниот секретар на Комората Миџеља Јалиџи и адвокатот Џан Аталај, кои беа едни од лидерите на протестите околу паркот „Гези“ во 2013 година.

Подоцна приведените биле ослободени, по што, според медиумите, им се приклучиле на учесниците на протестите на „Истиклал“.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски