Од превртениот брод во Егејско Море спасени уште 24 имигранти

Од:

 Грчките власти утринава успеале да спасат 24 имигранти од бродот што плута по Егејско Море, само еден ден откако најмалку 22 лица настрадаа во обид да пристигнат до грчка територија.

Крајбрежната стража соопшти дека нејзин брод влегол во турските територијални води за да ги спаси имигрантите, а потоа почекал да дојде турски патролен чамец и да ги префрли на територија на Турција.

Акцијата за спасување е изведена во теснецот меѓу турскиот брег и грчкиот остров Самос, што шверцерите најчесто го користат за префрлање мигранти.

Грчките спасувачки служби и натаму во морето трагаат по уште седум лица, кои вчера утро исчезнаа кај истиот остров, откако се преврте бродот со околу 65 имигранти.

Крајбрежната стража успеа да спаси 36 лица, а најмалку 22 имигранти ги загубија животите.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески