Од почетокот на годинава, 6000 имигранти се вратиле на Косово

Од:

Од 1 јануари годинава, на Косово се вратиле повеќе од 6000 граѓани кои емигрирале во западните земји, посебно во Германија. Ова го изјави официјално лице за миграција при МВР на Косово, Валон Красниќи за косовскиот медиум „Kosovalive“.

Според него, за разлика од минатата година, бројот на повратници е зголемен.

Во априлскиот извештај на УНДП, се наведува дека 47 проценти од семејствата на Косово, се изјасниле дека имаат членови надвор од државата.

Кон крајот на минатата и почетокот на оваа година, илјада косовски државјани по илегален пат заминале во земјите на ЕУ, главно во Германија, барајќи подобар живот.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски