Од март во хрватските аптеки ќе се продава канабис

Од:

Од март годинава во хратските аптеки би требало да започне продажбата на желатински капсули од масло од канабис, во доза од по пет милиграми, но крајната цена се уште не е дефинирана и ќе зависи од фармацевските мрежи, пренесуваат хрватските весници. 

Цената, пишуваат хрватските весници, ќе биде неспоредливо пониска од онаа која се споменува за продажба на црниот пазар на кој, на пример, месечна доза на смола или масло од канабис, според некои наоди, може да се набави по цена меѓу 1.957 и 2.610 евра. Во аптеките таа количина ќе биде значително поевтина за десетина од цената. 

– Цената не е формирана, се уште ги немаме трошоците за превоз, а тука е и маржата која на производите ја ставаат аптеките, но заокружено тоа би можело да биде околу 130 до 195 евра за месечна доза, секако исклучиво со рецепт, наведува др. Невенка Ковач, директорка на Имунолошкиот завод. 

Имунолошкиот завод е во процес на завршувањето на договорот со производителите на канабис, за кој прифати некои од предложените корекции. 
Паралелно со тоа се работи и на дозволите за увоз и исполнување на сите услови кои се строги бидејќи станува збор за психоактивна дрога, а воедно и Хрватската агенција за лекови и медицински производи (ХАЛМЕД) мора да ја потврди сигурноста за чување на супстанците. 
На почетокот ќе се увезуваат мали количини, и тоа само екстракт од масло во капсули, но не и ТХЦ во капки или за инхалирање, пишува !Вечерњи лист“.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик