Од историјата на црногорската дипломатија: Убавината на церемонијалот

Од:

Медитеранот го красат пејсажи на питоми маслинки, лозја и диви калинки; арома на вино, мириси на портокали, култура на живеење на море, прекрасни барокни палати, славна поморска традиција и пустоловини, но и со карстни непристапни предели кои чуваат историја за одбрана од освојувачите но и копнее за достигнувања на цивилизацијата.

– Најживописните места секогаш се колевка на слободата – рекол барон Де Тот. Некаде биле куси трепети, некогаш романтични национални занеси, а во Црна Гора вековна борба за самостојност, слобода која грижливо се чува и се гради во животот. Во такви услови тешко било да се зачува опстанокот на нацијата, а не пак да се основа дипломатија. Сепак, црногорската дипломатија била одлична, била активна наспроти сите потешкотии.

Посебно внимание се посветувало на протоколот, најрафинирана област во дипломатијата, која обавезно ја краси суптилности и дискреција; убаво однесување и убави манири тоа се подразбира, секогаш присутна прецизност и точност, бидејќи и мал, дури и наивен пропуст, предизвикува инцидент, често и скандал. Често се водени и двобои поради пресеанса, т.е. вистински првенства, кога врелата крв на гордите амбасадори, тогашните аристократи и војсководци, со меч сакале да ја одбранат честа на земјата која ја претставуваат, но и угледот на својата личност. Мудроста на Папата Јулије 6, изнедрила листа на првенства меѓу тогашните владетели од христијанските земји, за да се избегнат нивните меѓусебни конфликти, што подоцна се втемелило и во дипломатијата на Виенскиот конгрес во 1815 година.

Прецизни правила

Црногорската дипломатија од Берлинскиот конгрес во 1878 година и покрај почетната неснаодливост, како барање на прием во Министерството за надворешни работи во турското царство, без претходно добиена дозвола за црногорскиот претставник во Цариград, воспоставила прецизни правила на протоколот. Убавината на церемонијата се гледа и во инструкцијата од 1896, кога на управителот на Приморската нахија во Улцињ се образложуваат протоколарни дејности кои треба да се преземат кон турскиот конзул во тој град: – Откако ќе ги примите тамошните власти дајте на знаење на турскиот Конзул за вашето именување и доаѓање со едно официјално писмо. Козулот ќе дојде во униформа прв да ве посети. Вие исто така во униформа со ордени ќе му вратите посета, обавестувајќи го за денот и часот на вашата посета.

Или кога Министерството за надворешни работи со телеграма од 9 јуни 1894 година, го обавестил војводата Илија Пламенец за спроведување на начелото на реципроцитет, многу присутен во надворешната политика: – Бидејќи рангот на новоименуваниот Комесар на Турција не одговара на висината на вашата позиција, па неговото Величество ми нареди да ви јавам дека се вратите тука и г-дин Мијушковиќ да го оставите тој да биде тука, а откако од вас ќе бидеме обавестени за се, ќе видиме како понатаму ќе постапиме.

Предавањето на акредитивните писма на Дворот на Петровиќ, била според цел редослед, со неопходен церемонијал како на секој голем европски двор. Присутна била и нота на гламур на прекрасното Цетиње, во помала мерка во однос на големите престолнини на Европа, но била надоместена со топли изрази, мудри зборови и здравици до кнез Никола, како одговор на пријателските зборови од британскиот дипломат Валтер Беринг, искажани во име на кралицата Викторија во септември 1886 година:

– Со најживо задоволство ги примам писмата од нејзиното Величество кралицата, вашата убава владетелка, да ме прими како амбасадор. Јас посебно сум воодушевен од убавите желби кои ми ги изјавувате во име на вашата влада, како и вашите лични изјави, а јас за тоа искрено ви се заблагодарувам. Ве молам, господине амбасадоре, да бидете уверени дека во извршување на вашите задачи и одржување на постечките работи меѓу двете земји, кај мене и кај мојата влада ќе најдете иста поддршка која ја наоѓаше вашиот претходник, кој со својот такт и своите лични доблести го стекна нашето почитување и нашите симпатии.

Политички делокруг

Законот за кнежевската влада и државната управа, подоцна и Закон за кралската влада го утврдуваа политичкиот делокруг на работата на Министерството за надворешни работи на Црна Гора, кои меѓу другото се однесуваа и на: акредитивите и писмата за повлекување, ауденција на странски пратеници, државен церемонијал, предлози за декорирање на странски државјани; области кои во денешно поимање на дипломатијата се проткаени во протоколот.

Ордени биле доделувани во Античка Грција и Стариот Рим, посебно во текот на средниот век; ги краселе градите на витезите, а почнувајќи од 18 и 19 век се прифатила и пракса во светот за доделување на ордени и на странци, со претходна согласност на нивната држава. Одобрението главно се барало со посредство на дипломатско-конзуларните претставници, што кореспондира и со денешните дипломатски правила. Одликувањата на кнежеството-кралството на Црна Гора, биле доделувани на знаменити личности од тоа време; светеле на градите на најзначајните владејачи на Европа, како кралицата на Британската империја Викторија (Орденот на Данило први Кнез Црногорски за независност на Црна Гора), на блескавите палта на благодорниците, на свечените униформи на војсководците, со претходно утврдената дипломатска пракса, за што сведочи и инструкцијата на Министерството за надворешни работи од 15 мај во 1912 година, упатена на генералниот конзул Поповиќ во Рим да го испита расположението на Папата да го прими црногорското одликување: – Бидејќи Неговото Височество Кралот Господар, покрај Г. Г. Мери Дел Вал, Бенјин, Готи и Лауренти, сака да го одликува со наш орден исто така и Св. Отец Папата, за тоа ве молиме да не обавестите, дали Св. Отец би бил расположен да го прими Високото одликување и во потврден случај да ни најави. На Височество Крал Данило би му било мило да има орден од Папата. Што се однесува до членовите на нашата Влада, кои би се одликувале по оваа прилика, тоа се остава на Св. Отец да реши. Ве молам, што побрзо да ме известите за вашата одлука, за да бидам во состојба што побрзо да ги упатам ордените.

Сензибилитетот и честа кон високите гости биле искажувани во согласност со дипломатската пракса и правилата на куртоазијата, кои и денес важат во протоколите и при посета или поминување низ Црна Гора на важни личности, посебно членови на семејства на владејачки, благороднички династии на Европа. Во телеграма од 4 август 1907 година Министерството за надворешни работи го обавестило Министерството за финансии и градежништво, без формалности да го пропуштат војводата и војвотката Саксонска на тоа патување низ Црна Гора: – Како што тукашна Германска легација, по наредба на својата Влада известува, Кнез и Кнегиња Јован Ѓорѓе, Војводата и Војвотката Саксонски од 27 септември до 4 октомври по новиот календар, под името Гроф и Грофица од Весенстаин сакаат да дојдат во Црна Гора и да одат на Скадар. Се замолува Министерството за финансии и градежништво, да нареди на подрачните Цариници на Његуши, Ријека и Плавница, наведените Високи Гости, а така и нивната делегација и стока, да ги пропуштат без некои формалности.

Дипломатскиот протокол на денешницата, посебно во монархиите, како ретко кој сегмент на општеството, ги заживува одличните традиции на минатото со богати подароци и раскошни банкети, но сепак, прилагоден е на модерната дипломатија, која бара итра и едноставна постапка, бидејќи општествените процеси и динамичните меѓународни односи бараат поефикасна дипломатија и продорни дипломатски вештини кои постепено ја крунисуваат префинетата реторика и убавините на церемонијалот.

 

Побједа – Подгорица

 

Би можело да ве интересира

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора